АД МЕПСО доби реконструиран Диспечерски центар кој ги исполнува сите стандарди пропишани од меѓународните енергетски организации. Cо него се обезбедува навремено и ефикасно следење на производството, преносот на целокупната електрична енергија, потрошувачката, напонот, фреквенцијата, оптоварувањата на преносната мрежа и други потребни информации. Оваа реконструкција значи нова и најсовремена опрема во Диспечерскиот центар, замена на диспечерскиот пулт, замена на целокупниот ентериер на салата на Центарот како и значително олеснета работа на диспечерите кои 24 часа дневно и седум дена во неделата го управуваат електроенергетскиот систем на државата и се грижат за македонските корисници. Вака организираниот систем за следење и управување со државниот електроенергетски систем овозможува сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија како на домашната економија, така и на нашите граѓани.
АД МЕПСО доби реконструиран Диспечерски центар кој ги исполнува сите стандарди пропишани од меѓународните енергетски организации.
Како што истакна на отворањето премиерот Никола Груевски, со него се обезбедува навремено и ефикасно следење на производството, преносот на целокупната електрична енергија, потрошувачката, напонот, фреквенцијата, оптоварувањата на преносната мрежа и други потребни информации.
-Оваа реконструкција значи нова и најсовремена опрема во Диспечерскиот центар, замена на диспечерскиот пулт, замена на целокупниот ентериер на салата на Центарот како и значително олеснета работа на диспечерите кои 24 часа дневно и седум дена во неделата го управуваат електроенергетскиот систем на државата и се грижат за македонските корисници. Вака организираниот систем за следење и управување со државниот електроенергетски систем овозможува сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија како на домашната економија, така и на нашите граѓани - рече Груевски.
Досегашнот директор на АД МЕПСО, Владимир Здравев чија оставка вчера ја потврди Надзорниот одбор на АД МЕПСО, потенцира дека Македонија со реконструкцијата има Национален диспечарски центар еднаков на оние што ги имаат земјите во ЕУ.
-Работата на диспечерите значајно ќе биде олеснета заради тоа што новиот дисплеј нуди модули и можности за полесно водење на системот и воочување на сите случувања во електроенергетскиот систем - рече Здравев, нагласувајќи дека сега Македонија е рамноправен партнер на Европската заедница на електроенергетски системи.
Тој посочи дека досегашниот менаџерски тим на МЕПСО успеал загубата од 27 милиони евра во 2007 година, во 2008 да ја намали на 4,5 милиони евра, а во 2009 година да оствари добивка од 13,8 милиони евра.
-Во 2010 година на полугодието компанијата е во добивка од речиси пет милиони евра, а до крајот на август добивката изнесува 7,6 милиони евра. Овој резултат е остварен во услови на намалена економска активност во нашата земја предизвикана од глобалната економска рецесија што претставува уште еден цврст аргумент дека деловната политика на менаџментот на АД МЕПСО е успешно избрана и доследно применета - рече Здравев.
Тој истакна дека годинава по првпат компанијата доби еден милион евра за надоместоци за трошоците за транзит на електрична енергија низ македонскиот систем од Европската асоцијација на преносни систем-оператори (ЕНТСО-Е).